Дома Здравје 12 виновници за лошиот здив кои може да укажуваат на сериозен здравствен...

12 виновници за лошиот здив кои може да укажуваат на сериозен здравствен проблем

616
0

12 виновници за лошиот здив кои може да укажуваат на сериозен здравствен проблем.

Дали ги миете забите секое утро и навечер, користите конец и џвакате гуми за џвакање, но сепак страдате од лош здив? Може да имате сериозен здравствен проблем. Стоматологот Ками Хос за Health откри 12 причини зошто може да страдаме од лош здив.


Рефлукс на киселина
Рефлуксот на киселина се јавува поради враќањето на желудечната киселина во хранопроводникот, која може да содржи несварена храна, која е придружена со непријатен мирис.


Бронхитис
Кога бронхиите се инфицираат и отекуваат, предизвикуваат кашлање, конгестија и лош здив.


Дехидрација
Ако сте дехидрирани, вашето тело може да не произведува доволно плунка, што предизвикува сува уста и вишок бактерии во неа.


Дијабетес
Недостатокот на инсулин предизвикува телото да согорува масти наместо шеќер, што предизвикува производство на кетони. Ако здивот ви мириса на овошје или ацетон, можеби страдате од дијабетес.


Диета
Исхраната богата со кромид и лук може да предизвика лош здив, додека диетата со малку јаглехидрати може да предизвика ослободување на кетони, исто како и дијабетесот.


Инфекции
Секоја инфекција на носот, синусите, грлото или крајниците може да предизвика лош здив.

Проблеми со бубрезите
Ако бубрезите не работат правилно, тие не можат да ги филтрираат минералите од крвта што предизвикува нивно акумулирање во телото. Поради ова, здивот може да мириса на амонијак или дури да личи на мирис на урина.


Проблеми со црниот дроб
Кога црниот дроб не работи правилно, не може да го регулира шеќерот во крвта или да ги филтрира токсините од крвта. Ова може да предизвика сладок здив.

Но, како да препознаете дека тоа е всушност артритис?


Лекови
Некои лекови предизвикуваат сува уста, додека други ослободуваат хемикалии кои можат да предизвикаат лош здив.


Пневмонија
Пневмонијата може да биде вирусна или бактериска, но акумулацијата на течност во белите дробови може да биде со непријатен мирис. Кога ќе почнете да кашлате, тој мирис може да се пренесе на вашиот здив.


Постназално капнување
Ако слузта се исцеди од синусите во грлото, може да предизвика лош здив.

Употреба на тутун
Консумацијата на тутунски производи акумулира супстанции кои предизвикуваат непријатни мириси во устата, дишните патишта и белите дробови, како и сува уста. Покрај тоа, може да доведе до орални заболувања, кои исто така може да предизвикаат лош здив.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име