Дома Живот 119 години од смртта на Гоце Делчев

119 години од смртта на Гоце Делчев

922
0

Денеска се одбележуваат 119 години од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев. Гоце Делчев е еден од најпознатите борци за независна и слободна Македонија, водач на македонското револуционерно движење.
Роден е на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија, од каде бил исклучен поради своите идеи и дејствување. Работел како учител во Штип. Бил член на Централниот комитет на ТМОРО, учесник на Солунскиот конгрес на ВМРО, 1896 и се ангажирал на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.
Неговата најпозната визионерска мисла гласи: Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите.

Бил убиен на денешен датум, 1903-та година, во селото Баница, Серско, во борби со османлиската војска која го опколила селото.

Неговите посмртни останки прво се чувале во Баница до 1917 година, кога се пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. Посмртните останки на Делчев на 11 октомври 1946 година се пренесени во Скопје, во црквата „Свети Спас“.
„Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?“ – Гоце Делчев

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име