Дома Живот Куче или мачка? Одговорот на ова прашање може да открие многу за...

Куче или мачка? Одговорот на ова прашање може да открие многу за вас…

1009
0

Дали повеќе сакате мачки или кучиња? Одговорот на ова прашање може да открие многу за вашата личност и карактер. Забавувајте се и проверете подолу за да видите дали има вистина според мислењето на експертите за разликите помеѓу љубителите на кучиња и мачки
Дали имате лојално куче дома кое не се одделува од вас или мачка што се гали само со вас кога и одговара? За карактерот на кучињата и мачките веќе се знае многу, но изборот помеѓу куче и мачка може да открие многу за вашиот карактер.

  1. Љубителите на кучиња се екстровертни, а љубителите на мачки се интровертни
    Истражувањето на психологот Самуел Д. Гослинг и неговиот тим го потврдија мислењето дека љубителите на кучиња се генерално по друштвени од љубителите на мачки. Вторите често сакаат да бидат сами и да го ценат времето поминато во нивните четири ѕида без присуство на други луѓе, додека сопствениците на кучиња се екстровертни кои сакаат да бидат во друштво со повеќе луѓе.
    Земањето куче на прошетка е само по себе активност што во повеќето случаи бара скоро секојдневна комуникација со странци, така што сопствениците на кучиња се вистински мајстори за воспоставување контакти со потполни странци. Од друга страна, луѓето кои сакаат мачки се често интровертни и избегнуваат „непотребна“ комуникација со странци.
  2. Љубители на мачки се индивидуалци, а луѓето кои сакаат кучиња играат според правилата
    Неколку студии покажаа дека сопствениците на мачки не се конформисти. Тие се карактеризираат со индивидуализам. Според експертите, оваа карактеристика е всушност копија на личностите на мачките за кои е познато дека не сакаат да се прилагодуваат на нивните сопственици, но на крајот ние се прилагодуваме на нив.
    Според популарните предрасуди, луѓето кои сакаат мачки се сметаат за невротични, но повеќето истражувања не го потврдија ова. Напротив, сопствениците на мачки се покажаа емоционално стабилни. Љубителите на кучиња исто така можат да бидат индивидуи со изразени неконформистички ставови, но за разлика од луѓето кои сакаат мачки, тие немаат проблем да играат според правилата на општеството.
  3. Различни мотиви за избор на домашно милениче
    Според истражувањето спроведено од професорката по психологија Дениз Гуастело и нејзиниот тим, 38% од сопствениците на кучиња го избрале ова животно како домашно милениче затоа што сакале друштво и мотив да излегуваат често од дома, а 45% од сопствениците на мачки барале приврзаност и љубов кај своето милениче. Иако на крајот сè се сведува на потребата за друштво, и тука постои очигледна разлика помеѓу екстровертната и интровертната личност на љубителите на кучиња и мачки.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име