Дома Светски дестинации 10 најевтини градови во Европа, еве колку чини еден ручек

10 најевтини градови во Европа, еве колку чини еден ручек

1093
0

Во овие градови ќе можете да јадете по пристапни цени.

За најскапи градови во Европа, се смета дека се Осло, Копенхаген и Берген и се на врвот на листата.

Откриваме кои се најпристапните европски градови.

Анализата вклучуваше споредување на цените за оброк за двајца во евтини ресторани, во ресторани на средно ниво, потоа колку да се одвои за вечера за двајца во паб, како и колку ќе чини оброк за тројца во италијански ресторан. пишува Euronews.

На крајот беше извлечена просечната цена која треба да се одвои за ручек/вечера во ресторан.

Најевтиниот град е Истанбул – за оброк за двајца во просек ќе треба да платите 17,42 евра.

На второ место е Санкт Петербург, каде што ќе платите 21,60 евра за оброк, додека на трето место е Будимпешта (22,50 евра).

Следат градовите Киев (23,14), Прага (25,24 евра) и Лисабон (29,76), а потоа Москва (31,70), Неапол (34 евра), Дубровник (35,98 евра) и Атина (36 евра).

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име