Дома Интересно 10 интересни факти за јагодите што можеби не сте ги знаеле…

10 интересни факти за јагодите што можеби не сте ги знаеле…

798
0

Настапи периодот на јагодите, ги има на секаде, во маркетите, пазарите…

И се разбира никој неможе да им одолее. Ви кажуваме неколку забавни и интересни факти за јагодите кои можеби не сте ги знаеле.

  1. Јагода со просечна големина има 200 семки.
  2. Јагодата е „член“ на семејството на рози.
  3. Во Белгија постои музеј посветен само на јагоди.
  4. Во средниот век, јагодите се служеле на важни настани и, главно, на богати луѓе (кралеви, благородници итн.).
  5. Шест јагоди со средна големина на ден ја задоволуваат потребата за витамин Ц.
  6. Иако се прават грешки, ботаничарите не ги класифицираат јагодите како бобинки. Имено, бобинки, како боровинки и рибизли, имаат семе во овошјето, додека јагодите имаат семки однадвор (кои се жолти и суви). Значи, јагодите припаѓаат на бобинки, заедно со капини, малини и црница.
  7. Конзумирање на јагоди, кои се богати со нитрати, може да го зголеми протокот на крв и воздух во мускулите до 7%. Ова спречува замор на мускулите и го олеснува вежбањето.
  8. Ако сте бремени, 8 јагоди содржат 20% фолна киселина што ви треба на дневна основа.
  9. 150 грама јагоди содржат само 45 калории.
  10. Јагодите треба да имаат силен мирис. Оние што го немаат сè уште не се зрели. Имајте на ум дека тие не созреваат по берењето.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име