Колку сте запознаени со функционирањето на човечкото тело? Ако внимателно сте ги следеле часовите по биологија во основно и средно училиште, веројатно знаете повеќе од просечниот човек.
Сепак, веруваме дека во продолжение ќе ви откриеме неколку интересни факти за човечкото тело , кои можеби досега не сте ги слушнале. Па да почнеме…
Мускулите на вилицата се најсилните мускули на човечкото тело.
Луѓето, во просек, имаат ист број влакна како и шимпанзата, но човечката коса е значително пократка и потенка.
Нашиот мозок троши околу 20% од нашите калории, иако сочинува само 2% од вкупната телесна тежина.
Кога плачете и вашиот нос почнува да тече, секретот што излегува од оваа празнина е солзи.
Окото е дел од телото што најбрзо заздравува .
Луѓето се еден од ретките видови на цицачи, чие тело не произведува витамин Ц .
Зевањето може да предизвика воспаление на мускулите на вилицата .
Секоја минута губиме 30.000 мртви клетки на кожата .
Просечниот возрасен човек има малку повеќе од 2 квадратни метри кожа .
Хиоидната коска е единствената коска во човечкото тело која не е поврзана со други коски преку зглобови.
Извор: Bored Panda