Дома Живот Љубовен хороскоп до 29 јуни! Тајна љубов за Лавовите, нова врска за...

Љубовен хороскоп до 29 јуни! Тајна љубов за Лавовите, нова врска за Стрелец, а еве по кого следи заладување на врската

696
0

Љубовен хороскоп до 29 јуни! Тајна љубов за Лавовите, нова врска за Стрелец, а еве по кого следи заладување на врската

Венера, кралицата на љубовта, е во Рак и носи возбудлив љубовен период за Раковите, Рибите и Скорпиите. Аспектот на Марс и Венера на небото во текот на наредните денови може да донесе нови романси и заљубување.

ОВЕН

Во наредниот период ќе имате можност да уживате во друштво на млади и атрактивни луѓе. Ако веќе постои личност за која сте заинтересирани, тогаш ќе слушнете добри вести или ќе имате позитивна комуникација со таа личност.

БИК

Следниот период ќе биде многу подобар кога е во прашање љубовниот живот. Ќе преовладува позитивен тренд. Веројатно до неодамна страдавте од непријатни пресврти на околностите во љубовната сфера и неможноста да воспоставите хармонија, но тоа повеќе нема да ви претставува проблем.

БЛИЗНАЦИ

Ќе има различни случувања во вашиот социјален и љубовен живот. Нема да седите дома бидејќи ќе има многу понуди за состаноци и покани за разни настани. Опкруженоста со луѓе и добрата атмосфера ќе има позитивно влијание врз вашиот љубовен живот.

РАК

Ќе ви се појават можности за љубов . Нема да морате да вложувате посебен напор или да тргнете во потрага по соодветна личност, бидејќи тој ќе се појави сам и уште повеќе, ќе покаже јасен интерес за вас.

ЛАВ

Ова е време за тајна љубов, фантазија или можеби љубов со некој кој е далеку или недостижен. Ова значи дека нема да биде лесно да се направи вистинската врска. Ако веќе сте во врска, можете да одлучите да одите на романтично патување.

ДЕВИЦА

Ќе бидете одлично расположени и особено шармантни, поради што ќе го привлечете вниманието и добрата волја на другите луѓе. Ќе се слеваат комплименти и ќе ви биде лесно да ја освоите личноста која ви се допаѓа. Ако веќе сте во врска, можеби размислувате за заеднички живот.

ВАГА

Ќе бидете комуникативни и опуштени, поради што одлично ќе се забавувате без разлика на вашиот романтичен статус. Меѓутоа, ако сте сами, оваа комуникативност може да ви донесе можности за флерт, па дури и за љубов. Ако веќе сте во врска, вашиот партнер може да биде зафатен со работа.

СКОРПИЈА

Во наредната недела ќе има многу можности за флерт, но сè најмногу ќе се случува на ниво на комуникација, без можност за физички контакт. Може да флертувате со повеќе од една личност, па ќе избегнувате физички контакт додека не одредите која е вистинската личност за вас.

СТРЕЛЕЦ

Ќе бидете опкружени со помлади и флертувачки луѓе кои ќе покажат интерес за вас. Тоа може да биде можност за флерт, романса или кратка врска. Токму таа комбинација на динамична атмосфера и енергични луѓе ве радува и во која ќе се чувствувате како „дома“.

ЈАРЕЦ

Ќе бидете во вашиот елемент. Вашиот социјален живот ќе биде побогат, а токму тоа носи можности за љубов без исклучок. Нема да поставувате јасни граници, па лесно може да се случи да доживеете љубов со некој од вашиот круг на пријатели.

ВОДОЛИЈА

Во следните недели би можеле да стекнете симпатии на работното место. Некој ќе ве освои со убави зборови и смисла за хумор, а позитивната атмосфера ќе придонесе за тоа. Исто така, можно е да излезете со колегите или со некој со кој работите, а кој ви се допаѓа.

РИБА

Во наредниот период ќе бидете премногу зафатени со работа или оптоварени со животни проблеми, за да ги искористите можностите за забава и љубов. Ќе има такви шанси, но вашето расположение нема да биде на ниво. Доколку веќе сте во врска, можно е врската да се залади.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име