Дома Живот Љубовен хороскоп до 19 октомври! Пресврт за Близнаците, Лавовите во голема криза,...

Љубовен хороскоп до 19 октомври! Пресврт за Близнаците, Лавовите во голема криза, а еве кој влегува во сериозна врска

644
0

Љубовен хороскоп до 19 октомври! Пресврт за Близнаците, Лавовите во голема криза, а еве кој влегува во сериозна врска

Дознајте што ви подготвиле ѕвездите во емотивните врски.

ОВЕН

Поради преокупација со кариерата, нема да имате време за љубов. Исто така, нерасположението лошо ќе влијае на врската доколку веќе сте во врска. Важно е да не му го вадите на партнерот. Никој не може долго да го толерира тоа.

БИК

Ќе процветате во втората половина од неделата и ќе почне да се случува нешто позитивно. Дотогаш ќе мора да бидете трпеливи и да ги намалите очекувањата, бидејќи ништо позитивно нема да се случи, секако не она што го сакате.

БЛИЗНАЦИ

Влегувате во нова фаза, во која ќе бидете помалку немирни и многу повеќе заинтересирани за стабилност. Додека во претходниот период дружењето беше поважно од љубовта, сега ситуацијата ќе биде обратна.

РАК

Ќе бидете исклучително стимулирани за сексуалниот аспект на врската, иако блискоста и емоционалното исполнување обично им се поважни на припадниците на вашиот знак отколку сексуалната компатибилност. Можно е да запознаете некој со кој ќе сакате подолга врска.

ЛАВ

Доживувате силна криза во сферата на врските и тоа нема да се промени. Сеуште ќе мора да ги апсорбирате негативните ефекти од околностите и темпераментот на партнерот. Ако сте слободни, може да налетате на некој кој е многу интензивен.

ДЕВИЦА

Љубовта нема да ви изгледа особено важна, доколку сте сами, бидејќи ќе ја вложите својата енергија во други области и генерално ќе бидете задоволни и без случувања во оваа сфера. Ако веќе сте во врска, веројатно сте поминале низ криза во врската и можете да очекувате подобрување на ситуацијата.

ВАГА

Можни се проблеми во односот родители-партнер, како и некои проблеми поврзани со животната ситуација кои ја уништуваат врската. Ова дефинитивно не е поволен момент да го запознаете вашиот избраник со вашите родители или да започнете да живеете заедно во ист простор со вашиот партнер.

СКОРПИЈА

Почнувајќи од следната недела, нема да бидете многу фокусирани на љубовниот живот, но сепак ќе ве интересира задоволство од секаков вид. Ако некој сака да те освои, нека ти приреди некаква гозба за сетилата, секаква гозба.

СТРЕЛЕЦ

Вашиот шарм и привлечност ќе бидат на високо ниво од оваа недела, како и вашиот сладок разговор. Ќе ви биде исклучително лесно да придобиете кого сакате, но можеби нема веднаш да го сфатите и поради тоа ќе пропуштите некои прилики.

ЈАРЕЦ

Ќе имате проблеми во љубовниот живот, бидејќи поминувате низ тежок период. Ќе има и многу негативни мисли, кои ќе ја расипат врската. Дозволете и на позитивната енергија на партнерот да ве носи и да доминира со вас.

ВОДОЛИЈА

Ако сте слободни, следната недела ќе бидете разочарани бидејќи нема да ви понуди многу можности за љубов. Ако веќе сте во врска, финансиските грижи би можеле да донесат превирања во вашата врска.

РИБИ

Ќе бидете нерасположени. Нема многу да се разликува од вашето општо расположение оваа година, но нерасположението може да биде поинтензивно во деновите што доаѓаат. Важно е да се грижите за тоа како се однесувате со личноста со која сте.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име