Дома Живот Љубовен хороскоп до 16 ноември! Раковите заробени во минатото, Јарците се заљубуваат,...

Љубовен хороскоп до 16 ноември! Раковите заробени во минатото, Јарците се заљубуваат, а еве кој има тајна љубов

1015
0

Љубовен хороскоп до 16 ноември! Раковите заробени во минатото, Јарците се заљубуваат, а еве кој има тајна љубов

Венера, планетата што ја претставува љубовта, влегува во Јарец на 11 ноември, каде што носи љубовни средби за Јарците, Девиците и Биковите.

ОВЕН

Венера, планетата на љубовта, на 11 ноември влегува во вашата десетта куќа и ви носи познанства преку работа. Некои Овни можат да се заљубат во колега. Ќе ви биде интересно да ги измешате деловниот и приватниот живот. Лавовите и Јарците ќе ви бидат привлечни.

БИК

Комбинацијата на Марс од Лав и Венера од Јарец го нарушува вашиот емотивен живот, па ќе имате конфликти доколку сте во брак. Во овој период најдобро е да го искористите влијанието на Венера во Јарец за долги патувања, бидејќи секоја промена на средината е добредојдена. Можно е запознавање со личност од странство.

БЛИЗНАЦИ

Ретроградниот Јупитер ве враќа во времето, па вашата стара љубов често ви е на ум. Меркур во Стрелец може да ви донесе познанство со помлада личност, која и е позната на пошироката јавност. Не сте емоционално стабилни, па лесно го губите интересот за луѓето што ги среќавате.

РАК

Ретроградниот Сатурн во Риби силно влијае на вашиот емотивен живот , па повремено се чувствувате заробени во минатото. Иако старата љубов повторно ќе тропне на вашата врата, не е добро да се вратите во минатото. Ве очекува познанство со Јарец, а Скорпиите ќе ви бидат неверојатно привлечни.

ЛАВ

Поседувате неверојатна харизма и магнетизам поради влијанието на Марс во вашиот знак. Сезоната на Скорпија не ви е пријатна, па донекаде сте емотивно затворени. Ве очекува лесен флерт на работното место со некој што го гледавте само како колега. Ако сте во брак, ретроградниот Уран ве става на тест.

ДЕВИЦА

Конечно се будите емотивно, бидејќи долго време сте заробени во сопствените идеализации за партнерот. Пред вас е недела во која треба да ги уништите сите ваши илузии за саканата личност и да се соочите со работи кои не ви одговараат. Можни се познанства со луѓе кои се занимаваат со музика или филм.

ВАГА

Влегувањето на Венера во Јарец ве тера емотивно да се пресметувате. Почнувате рационално да пресметувате колкава корист ќе имате од одредена врска и тоа ќе ви тежи. Слободните Ваги ќе имаат познанства преку пријатели. Запознавањето со Лав може да ви го освежи љубовниот живот.

СКОРПИЈА

Сезоната на вашиот знак ве радува, па сите забележаа дека сте поубави. Затоа сте вистинска мамка за луѓето од спротивниот пол. Венера влегува во третата куќа, па ќе бидете расположени за флерт преку СМС пораки. Иако обично сте емотивно затворени, со задоволство ќе зборувате за вашите чувства во наредните денови.

СТРЕЛЕЦ

Меркур во вашиот знак условува љубовни средби . Можете да очекувате повеќе од една покана за љубовен состанок. Меѓутоа, бидејќи Јупитер е ретрограден, можно е да бидете емотивно неодлучни. Ќе правите планови, но ќе сфатите дека малку ќе се реализира.

ЈАРЕЦ

Влегувањето на Венера во вашиот знак ви носи целосен пресврт во љубовта! Сега е време од годината кога можете да се заљубите како никогаш досега, а ќе имате повеќе можности за романса. Планетата на љубовта силно влијае на вашиот знак, па многумина ќе забележат дека сте поубави. Ако мислевте дека љубовниот живот ви е досаден, подгответе се за големи промени!

ВОДОЛИЈА

Во лош љубовен период сте, бидејќи не уживате во сезоната на Скорпија, а ретроградниот Уран ги попречува секакви стабилни врски. Вие сте еден од знаците кои се наоѓаат на голема емотивна пресвртница, па вашиот поглед кон љубовта се менува. Венера во дванаесеттата куќа покажува дека ќе имате тајна љубов.

РИБИ

Меркур во Стрелец ви носи средба со млад човек кој е на висока позиција на работа. Рибите кои се чувствуваат осамено се повеќе ќе размислуваат за Јарец кој е нивен долгогодишен пријател. Идеален период од годината е да планирате заедничко патување.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име