Дома Твој готвач Чизкејк со крем намаз од лешник

Чизкејк со крем намаз од лешник

814
0

Чизкејк со крем намаз од лешник

Рецепт:

300 гр мелена плазма

100 гр растопен путер

160 мл млеко

2 лажици шеќер во прав

Фил:

250 гр абц сир

6 лажици шеќер во прав

4 големи лажици крем од лешник

500 мл слатка павлака

Подготовката:

Во еден сад комбинирајте плазма, шеќер, путер и млеко, па убаво измешајте дури се соедини смесата, и притиснете ја смесата во стандарден тркалезен калап.

Потоа да го подготвите кремот:

Измешајте сирење со шеќер во прав, па додадете 4 лажици крем од лешник и измешајте со миксер. Додадете слатка павлака и измешајте во цврста мешавина.

Ставете го кремот над подлогата, а потоа подгответе ја глазурата за последниот слој. Ставете 3 лажици крем од лешник во сад, па ставете го тој сад во друг сад со топла вода, за да се растопи малку за да можете да го премачкате преку филот.

Премачкајте и декорирајте со топчиња.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име