Дома Здравје Чај од 3 состојки: Заштитува од настинки, го зајакнува имунитетот, лечи кашлица...

Чај од 3 состојки: Заштитува од настинки, го зајакнува имунитетот, лечи кашлица …

1633
0

Чај од ловоров лист и уште 2 состојки – одличен за имунитет, помага при настинки и ја зајакнува кашлицата! Еве го рецептот! Рецепт за чај од ловор

Она што ни го дала природата навистина може да биде чудесно за нашиот организам. За да го заштитите, пробајте го стариот лек на нашите баби, чај од само 3 состојки. Тој е одличен природен лек за ублажување на кашлицата, а важно е да го пиете додека е уште топол. Можно е главните состојки веќе да ги имате во кујната, а се подготвува лесно и брзо. Главната состојка, ловоровиот лист е богат со витамини од групата Б кои позитивно влијаат на метаболизмот и хормоналната рамнотежа. За уште подобар вкус, додадете една лажичка мед во чајот.

Состојки:

3 ловорови листови (сув или свеж)
1/4 лажичка цимет
1/2 лимон

Подготовка:

Ловоровите листови исечкајте ги на ситни парчиња и прелијте ги со 300 мл зовриена вода. Оставете да отстои околу 15 минути, а потоа исцедете го сокот од половина лимон и додадете го циметот. Промешајте и по желба засладете со малку мед. Помага во ублажување на кашлицата, а одличен е и за имунитет.

Напомена: Чајот може да биде силен за желудникот, па затоа се препорачува една шолја дневно.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име