Жените кои појадуваат јогурт немаат проблем со лошиот здив, не ги боли стомакот и помалку им се расипуваат забите.
Со конзумирање два јогурта дневно ќе ја вратите изгубената свежина во здивот.
Исто така, јогуртот делува помалку да ги расипува забите, го одржува здравјето на усната шуплина и грлото и ги намалува стомачните проблеми, истакнуваат јапонските научници по истражувањето.
Ќе бидете послаби и со повеќе енергија.
Дневниот внес на јогурт ги намалува наслагите од храна на забите, што го спречува воспалението на непцата. На овој начин се отстрануваат бактериите одговорни за појавата на непријатните мириси. Наместо тоа, таканаречените добри бактерии од јогуртот, кои не ги предизвикуваат овие проблеми, влегуваат во усната шуплина.
Покрај тоа, дамите кои пијат јогурт неколку пати на ден се послаби во споредба со понежниот пол кои не го консумираат овој пијалок.
Во исто време, тие се подобро снабдени со калциум и витамин Д, кои се исклучително важни за здравјето и квалитетот на коските.