Дома Здравје Цела година го пиела овој пијалок секое утро – тврди дека воопшто...

Цела година го пиела овој пијалок секое утро – тврди дека воопшто не била болна!

5
0

Цела година го пиела овој пијалок секое утро – тврди дека воопшто не била болна!

Нејзиното искуство зборува за бројни позитивни промени

Една жена, Американка по име Кристал Дејвис, решила секое утро да го започне со топла вода, свеж лимон и мед.

Кристал истакна дека почетокот на годината е совршено време за воведување здрави навики во животот. Топлата вода со лимон не само што е евтин пијалок, туку има низа придобивки за организмот. По една година редовно пиење на овој пијалок, таа забележала значителни промени во нејзиното здравје.

Секое утро, Кристал уживаше во топол пијалок со половина свеж лимон и лажичка органски мед во чаша од 200 мл. Постапката е едноставна – зовријте вода, почекајте малку да се излади, па додадете сок од лимон и мед. Таа го испила овој пијалок на празен стомак. Кристал истакнала дека на почетокот користела помалку лимон додека не се навикнала.

Нејзиното искуство зборува за бројни позитивни промени. Кристал забележала дека наутро се буди полесно, има повеќе енергија, нема проблеми со запек, па дури забележала и намалување на стомакот, иако не практикувала диета. Освен тоа, во текот на целата зима немала никакви респираторни инфекции.

„ Свежиот сок од лимон во чаша топла вода е идеален пијалок по будењето, бидејќи го подготвува телото за она што го чека во текот на денот – ги исфрла токсините, делува благотворно на кожата, го стимулира мозокот и органите за варење, помага во губење на вишокот килограми“, тврдат тие експерти.

Кристал напомена и дека е исклучително задоволна од своето здравје во текот на годината. Немала ниту настинка, ниту грип, па дури ни стомачни проблеми. Колку едноставното менување на исхраната може позитивно да влијае на секојдневниот живот зборува и фактот што ова искуство ја инспирирало Кристал да ја задржи оваа здрава навика додека патува.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име