Дома Здравје Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето на калориите

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето на калориите

1228
0

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето на калориите

Заболениот црн дроб нема да не заболи и затоа болеста е многу тешко да се открие

Што и да јадеме и пиеме во текот на животот поминува низ нашиот црн дроб. Токму затоа овој орган ги издржува и ги апсорбира сите наши лоши навики во исхраната и го штити нашето тело преку својата работа. Доколку сакате да направите нешто добро за вашето тело, а со тоа и за вашиот црн дроб, дознајте како да го одржувате здрав и што да го „исчистите“.

Масната и пржена храна, нездравите пијалоци, алкохолот и дрогата се главните непријатели на нашиот црн дроб кој има функција на филтер во телото кој го чисти организмот од штетните состојки.

Но, токму поради тешката работа што ја врши, црниот дроб може многу да се оптоварува, а тоа може да предизвика здравствени проблеми.

Имајќи предвид дека црниот дроб не е поврзан со нашиот нервен систем, болен црн дроб нема да не повреди и затоа болеста е многу тешко да се открие. Добрата вест е дека црниот дроб сам се обновува и речиси секоја штета може да се поправи.

Храна која го прочистува црниот дроб:

  1. Лук – го поттикнува производството на ензими кои му помагаат на телото да ги исфрли токсините.
  2. Агруми – богати со витамин Ц, агрумите се моќен антиоксиданс кој му помага на црниот дроб побрзо да ги апсорбира штетните материи.
  3. Цвекло – богато со флавоноиди, го стимулира црниот дроб и ја подобрува неговата работа.
  4. Зелен чај – катехинската состојка со која е богат овој чај е моќен антиоксиданс кој го чисти организмот.
  5. Зелен лиснат зеленчук – спанаќот, кељот, блитвата и зелената салата се полни со хлорофил и се многу ефикасни во неутрализирање и отстранување на токсините од крвниот систем.
  6. Ананас – полн е со витамин Ц и делува како природен диуретик кој го ослободува телото од токсините.
  7. Нане – листовите од нане се богати со флавоноиди кои делуваат како моќни антиоксиданти.
  8. Ѓумбирот – многу моќен антиоксиданс кој го забрзува метаболизмот, помага за исфрлање на мастите од телото.
  9. Ореви – содржат големи количини на омега-3 масни киселини, како и амино киселини кои го забрзуваат процесот на детоксикација.
  10. Зелка – исто како брокулата и карфиолот, така и зелката силно делува на ензимите на црниот дроб, кои ја регулираат работата на црниот дроб и ја забрзуваат неговата работа.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име