Дома Твој готвач Фритата со зеленчук и сланина (рецепт)

Фритата со зеленчук и сланина (рецепт)

992
0

Вкусен појадок со зеленчук и сланина.

Состојки:

  • 1 зелена пиперка
  • 1 црвена пиперка
  • 1 праз
  • ситно сечкана сланина
  • малку лути пиперки
  • 6 јајца
  • 50 гр пармезан
  • 100 гр рендано тврдо сирење
  • зачини
  • малку млеко

Подготовка:

Сланината исечкајте ја на коцки, како и црвените, зелените и лутите пиперки, а празот на прстени.

Изматете 6 јајца, додадете малку млеко за фритата да стане пенеста, половина пармезан и малку зачини, но не премногу ако сланината е солена.

Користете огноотпорен сад. Во неа малку пропржете ја сланината и додадете го зеленчукот да се пржи додека да испари водата.

Потоа додадете ја смесата со јајцата и оставете малку да се испече, па додадете го ренданото сирење и оставете уште малку на умерена температура.

Посипете со преостанатиот пармезан и печете на 200 степени околу 20 минути.

Извор: Coolinarika

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име