Современата наука го дефинира здравјето како збир на „резервни капацитети“ на нашиот организам. Во таа смисла, потребно е секоја индивидуа да размисли дали неговиот начин на живот ги троши само постојните здравствени резерви и дали прави се што е во негова моќ да го зачува и подобри своето здравје.
Должината на нашите животи и резервните капацитети на здравјето не се определуваат само од она што го наследуваме, тие исто така се под влијание на фактори како што се животниот стил, условите за живот и работа. Здравјето на современиот човек е најзагрозено од прекумерна и несоодветна исхрана, недоволна физичка активност, пушење, стрес, загадување на животната средина и работата, штетни навики, итн.
Ако сакаме да го одржуваме здравјето што е можно подолго, да ги подобриме понатаму нашите способности, да спречиме, ублажиме и отстраниме многу физички заболувања и нарушувања, да се чувствуваме подобро, да работиме полесно и повеќе, мора да се стремиме да ги елиминираме или контролираме факторите што штетат на здравјето, како што се се пушење, алкохол, стрес, физичка неактивност, неправилна исхрана и други фактори, а истовремено да го смениме начинот на живот во посакуваната насока за да ја зголемиме можноста за зачувување и подобрување на нашето здравје.