ФЕНОМЕНАЛНА ЛАЗАЊА СО МАКАРОНИ
СОСТОЈКИ: 1 пакување макарони, 150 мл пасирани домати, 400 гр мелено месо, 1 главица кромид, зачини: лук, зеленчук, бибер, сол 200 гр кашкавал
СОС БЕШАМЕЛ: 50 гр путер, 2 лажици брашно, 600 мл млеко, лук, малку сол
ПОДГОТОВКА:
Кромидот се сечка, се пржи со мелено месо, па се додаваат пасираните домати, зачините и се варат уште неколку минути.
Направете бешамел сос, пропржете 2 лажици брашно на путер и прелијте го млекото, варете додека не се згусне
Додадете малку сол и лук во прав
Исцедете ги макароните, па во подмачкан сад наредете ги макароните, па филот со месо, кашкавалот, пасираните домати, бешамелот и така додека не се потрошат сите состојки.
Се пече во рерна на 200°C додека не се формира убава кора.