Дома Психолошки совети Утрото навистина менува сè: Рецепти за подобар, посреќен и поисполнет ден! Не...

Утрото навистина менува сè: Рецепти за подобар, посреќен и поисполнет ден! Не е тешко, а промената е голема!

614
0

Дали сте размислувале како би било да се има совршен ден после толку време? Не мора да го чекате тој ден и не мора да се надевате дека тоа ќе се случи случајно, можете сами да го создадете. Ние ви ги донесуваме најдобрите рецепти за утро што менува сè.

Откријте што треба да направите и од каде да започнете.

Утрото е најважниот дел од денот.

Дали сте утрински тип?

Дали сте од оние кои стануваат весели и насмеани? Ако не сте, во ред е да научите сè. Навистина има малку луѓе кои стануваат со насмевка пред нивниот будилник. Изгледа дека имаат моќ да сторат сé што сакаат. Таквите луѓе постигнуваат сè цело време, имаат доволно време за утрински тренинг, и за ручек со семејството и за кафе со пријателите. Сепак, како одминува времето, сфаќаме дека ни требаат дополнителни часови за да постигнеме сè. Ние разбираме дека мора да се промениме, со цел нашиот живот да биде поубав и исполнет.

Ако ја промените утринската рутина, тоа ќе го промени целосниот тек на денот, велат експертите. Да видиме дали вреди да се обидеме.

Станете наспани!

Само затоа што станувате рано, не значи дека ќе бидете возбудени и среќни ако сте уморни и недоволно наспани. Се препорачува да легнете порано и да спиете 8 часа. Да, тоа ќе влијае на вашите навики во текот на денот и ќе ви треба време да се навикнете на новиот распоред, но по неколку дена ќе видите значителни придобивки. Ако не спиете доволно, тоа ќе влијае на вашето здравје, но и на тоа како ќе реагирате во стресни ситуации или како се чувствувате. Важно е да си обезбедите квалитетен сон. Изберете мека постелнина, купете си нова перница, проветрете ја просторијата каде што спиете. Малите трикови ќе придонесат за подобар сон.

Како да се разбудите насмеани?

Од самиот почеток на денот треба да започнете да го планирате денот. Како се прави тоа? Затоа што ќе сте доволно наспани, полесно ќе бидете фокусирани и концентрирани. Така ќе можете да влијаете на протокот на вашите мисли и ќе ги донесувате одлуките полесно. Игнорирајте ги сите негативни мисли.

Погледнете смешно видео или прочитајте убав текст што ќе ве инспирира. Дајте си неколку убави зборови и заблагодарете се за сè што имате денес. Мозок на тој начин добива информација дека сè е во ред и дека може да се релаксира.Не го одложувајте алармот. Веднаш штом ќе заsвони, станете затоа што тогаш започнува вашиот нов ден и ќе биде фантастичен! Кога ќе станете, отворете ги прозорците, кренете ги ролетните, наместете го креветот. Потоа, одвојте време да се измиете, средете и подгответе го утринското кафе. Заборавете на телефонот и е-поштата, барем додека го пиете кафе. Уживајте во моментот.

Разбуди се!

Раздвижете го вашето тело. Ако не ви се допаѓа утринскиот тренинг, доволно е да направите вежби што ќе ги придвижат мускулите. Тие можат да траат до 5 минути и тоа ќе биде доволно за вашето тело да добие сигнал дека е будно. Потоа можете да одите под туш, да се шминкате, да ја исправите косата.

Потоа можеме да размислуваме за обврските. Ако имате многу обврски, направете список на кој ќе запишете што треба да правите во текот на денот. Од сите работи што се наоѓаат на списокот, направете го прво она што најмалку сакате да го правите. Работете според распоред – од непријатна обврска до онаа во која уживате. На тој начин ќе го поминете потешкиот дел од денот, а останатото време ќе биде слободно и олеснето.

Ова е само еден ден со идеален почеток и крај. Запомнете, секој ден може да ви биде ваков, ако прифатите нови навики.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име