Дома Здравје Три симптоми кои го разликуваат омикронот од обичната настинка

Три симптоми кои го разликуваат омикронот од обичната настинка

2102
0

Омикрон има малку поинакви симптоми од претходните соеви на коронавирус, што го олеснува неговото „мешање“ со настинка или сезонски грип. Всушност, инфекцијата со сојот омикрон често се опишува како „посилна настинка“, но има симптоми кои не се преклопуваат.

Д-р Хаи Шао, специјалист за заразни болести во медицинскиот центар Шарп Чула Виста во Сан Диего, истакнува дека омикрон ги дели клучните симптоми со другите видови.

„И тие вклучуваат треска, главоболка, болки во грлото, а како што болеста напредува, луѓето доживуваат кашлање, отежнато дишење и краток здив“, вели д-р Шао.

Од друга страна, гребење во грлото, кивање, затнат нос или течење на носот – ова се доминантните симптоми и на омикрон и на настинка. Тогаш треба да обрнете внимание на другите сигнали – врз основа на нивното искуство, експертите идентификуваа три симптоми кои се јавуваат кај омикрон, но не и кај настинка.

„Единствената карактеристика на ковидот е губењето на чувството за мирис и вкус, кое нема да го најдете со настинка“, изјави д-р Хаи Шао. „Другата разлика е во тоа што обичната настинка не предизвикува треска и понекогаш многу тешки главоболки. Ако ги имате овие симптоми, многу е поголема веројатноста да бидете инфицирани со коронавирус отколку обична настинка“.

Д-р Шао предупреди дека луѓето треба да внимаваат на какви било симптоми кои ќе се појават во овој период.

„Користете малку здрав разум“, рече д-р Шао. „Практикувајте некои мерки за контрола на инфекции. Обидете се да избегнувате да одите во толпата без маска. „Обидете се да не бидете блиску со луѓе без маска додека симптомите не се смират“, советува тој.

Извор: cbs8.com

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име