Дома Психолошки совети Три начини да се зачува виталноста на мозокот без оглед на возраста

Три начини да се зачува виталноста на мозокот без оглед на возраста

619
0


Како што човекот старее, многу здравствени проблеми неизбежно се јавуваат кога телото и умот почнуваат да забавуваат.
Најнепрјатно е губењето на меморијата и забавувањето на моторните функции. Сепак, дури и ова може да се спречи за што постојат три едноставни чекори.

Чувајте го вашиот мозок активен…
Секогаш е корисно за вашиот мозок да го стимулира што е можно повеќе, а секоја интелектуална вежба може да помогне. Обидете се да научите да свирите музички инструмент. Секој нов предизвик што ќе му го поставите на вашиот мозок ќе има позитивен ефект врз меморијата. Неврохирургот Беркли Бејт вели дека истражувањето спроведено врз глувци и луѓе покажало дека стимулирање на мозокот со нови предизвици ги поврзува нервните клетки и дури може да помогне во создавање нови нервни клетки.

Физичка активност…
Физичките вежби се исклучително корисни за виталноста на мозокот бидејќи на овој начин крвта богата со кислород се пренесува до главата. Обидете се да воспоставите рутина кога станува збор за физички вежби од секаков вид. Бејт истакнува дека нервните клетки се поврзуваат подобро и на овој начин, а мозокот станува поефикасен и прилагодлив.

Нахранете го вашиот мозок…
Одредена храна исто така може да му помогне на мозокот подобро да функционира. Се препорачува да се консумираат житарици, зелена салата и зеленчук.

-Житарки
Јаглехидратите се најважната храна за мозокот, бидејќи тие го снабдуваат со енергија . Комплексни јаглехидрати, како што се цели зрна, кои не предизвикуваат покачување на шеќерот во крвта како рафинирани јаглехидрати се одличен избор. Ние сме запознати со поговорката дека „појадокот е најважниот оброк во денот“ .
-Риба
Повеќето риби содржат омега 3 масни киселини , особено масните како лососот. Кога ќе го земеме предвид фактот дека дури 25% од мозокот е составен од еден вид омега 3 масна киселина, тогаш е јасно зошто ова е крајната храна за мозокот. Киселините на омега 3 се неопходни за сите активности на мозокот, а истовремено имаат ефект и на подигнување на имунитетот бидејќи имаат антиинфламаторно дејство. Доволно е да се земат 100-120 гр риба, два до три пати неделно. Рибите кои се најдобри извори на омега 3 масни киселини се: туна, скуша, лосос, есетра, лопен, стрела, аншоа, сардини и пастрмка .
-Боровинки
Истражувањата покажаа дека боровинките, покрај зачувување на мозокот, влијаат и на краткотрајната меморија . Во споредба со другите овошја, боровинките се најбогати со антиоксиданти, што значи дека тие можат да го забават стареењето, да го намалат ризикот од рак, да ги намалат туморите, да го намалат холестеролот и да го заштитат кардиоваскуларниот систем на организмот.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име