Дома Живот Три намирници кои се „лепат“ за стомакот

Три намирници кои се „лепат“ за стомакот

895
0

Доколку сакате да ги избегнете масните наслаги, ќе мора да се откажете од некои намирници или барем да ги консумирате во мали количини. Доаѓа летото, сите сакаме да изгледаме убаво, па време е да се посветиме на своето тело и секако на здравјето. Покрај вообичаеното вежбање и (барем повремено) пешачење со децата, важно е да се знае која храна акумулира масти во одредени делови од телото.

Многу луѓе сакаат да го „топат“ салото во пределот на стомакот, а трите намирници кои дефинитивно мораме да ги отфрлиме се чипсот, крофните и маргаринот.

Чипсот може да доведе до зголемување на телесните масти, особено ако се јаде премногу често. Токму храната ве тера да се здебелите најмногу во период од четири години, тврдат американските експерти.
Чипсот бил споредуван со компири, слатки засладени пијалоци и преработени и непреработени месни производи. Чипсот е полн со маснотии и сол и затоа е тешко да престанете да јадете, а тоа доведува до прејадување и секако до вишок килограми.

Крофните се вкусни, но можат да предизвикаат масни наслаги. Тие се полни со преработени јаглехидрати кои предизвикуваат нагло покачување на шеќерот во крвта и само накратко го задоволуваат гладот.

Третиот на оваа листа е маргаринот и се лажете ако мислите дека е подобра опција од путерот. Особено е проблем кога маргаринот вели дека е диетален или има 0% маснотии, бидејќи луѓето тогаш имаат навика да го консумираат во поголеми количини, мислејќи дека јадат нешто здраво. Потоа, наместо да ослабат, тие почнуваат да се здебелуваат без воопшто да бидат свесни за тоа. Затоа, не ги сфаќајте овие намирници како лесни, тие можат многу да го комплицираат процесот на слабеење.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име