ТРИЛЕЧЕ БЕЗ КОНДЗИРАНО МЛЕКО: Многу лесно се прави и се топи во уста
Ви го пренесуваме најдобриот рецепт за трилече без кондензирано млеко.
За кората:
6 јајца
200 гр брашно
300 гр шеќер
200 гр гриз
прашок за пециво
ванилин шеќер
прстофат сол
Прелив:
1 литар слатка павлака
500 мл млеко
150 гр млеко во прав
За карамела:
100 гр шеќер
100 мл слатка павлака
80 гр путер
малку сол
Подготовка:
Одделете ги белките од жолчките, а потоа изматете ги додека не добиете тврд снег во кој сте додале малку сол. Додадете ванилин шеќер и шеќер со постојано мешање. Кога ќе се стегне, додајте ги жолчките, брашното, гризот и прашокот за пециво едно по едно и изматете се заедно за да добиете изедначена смеса. Префрлете го во плех кој претходно сте го обложиле со хартија за печење. Се пече на 200 C околу половина час. Во тенџере сипете 300 мл млеко и во него додадете млеко во прав и слатката павлака, па сè добро изматете. Кога колачот е готов, извадете го на крпа и прободете го со вилушка на неколку места.
Истурете ја смесата со изматено млеко во тавата и повторно ставете го колачот внатре. Прелијте ги преостанатите 200 мл млеко врз колачот. За преливот со карамела, ставете го шеќерот во тенџере и загрејте додека не се растопи шеќерот. Во друг сад загрејте ја слатката павлака, а кога ќе зоврие тргнете ја од оган. Кога шеќерот ќе се раствори, тргнете го тенџерето од оган и тенок млаз сипете ја загреаната слатка павлака, матејќи цело време. Потоа додадете путер и прстофат сол, сè добро измешајте и кога површината на колачот ќе го впие млекото, прелијте го. Оставете го во фрижидер околу два часа, а потоа послужете.