Понекогаш наидуваме на ситуации што прават да се чувствуваме толку лути што може да „пукнеме“. И покрај тоа како се чувствуваме, постојат начини да се справиме со ситуација кога сме вознемирени.
Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да се ослободите од лутина и стрес на дневна основа.
Здрава исхрана
Конзумирањето на сложени јаглехидрати, како што се сладок компир, киноа и овес, може да го зголеми нивото на серотонин во нашиот мозок.
Исто така, протеините, како што се рибата, тофу и пилешкото, ни помагаат да произведеме повисоки нивоа на допамин и норадреналин, кои се хемикалии во мозокот кои играат улога во вашето расположение, мотивација и концентрација.
Вежбање
Не е важно каков вид физичка активност ќе изберете. Пронајдете го типот на вежби кои најдобро ви одговараат, што ќе ви овозможи брзо и ефикасно да се ослободите од лошите емоции.
“За мене нема ништо подобро од вежбање. Сакам да кревам тегови, а јогата е одлична и како вежба и како медитација”, открил еден од корисниците.
Друг се согласи: „Може да бидам лут или под стрес кога ќе започнам да вежбам, но додека завршам со тренингот, сè што ми пречеше испари“.
Запишување на вашите чувства
Запишувањето на сопствените чувства е одличен начин да се ослободите од негативната енергија.
„Секогаш кога не можам да вежбам, пишувам“, откри корисник на редит со прекар ChoiceFabulous.
Земи длабоко здив
Длабокото дишење може да ги намали стресните хормони. Според клиниката Мајо, вежбите за дишење се корисни затоа што кога се чувствуваме лути, нашиот мозок му сигнализира на телото дека е во криза. Забавувањето на дишењето го потсетува нашиот мозок дека сме безбедни.
Чистење
Неуредниот простор понекогаш може дополнително да го влоши вашето расположение. Значи, за да ги ублажите негативните емоции, измијте ги садовите или средете го плакарот.