Откако ќе го пробате овој рецепт за проја со сирење, секогаш ќе го правите, без разлика дали за појадок или за вечера.
Проја е незаменлива и на празничната трпеза. Секоја домаќинка има свој рецепт за овој специјалитет од пченкарно брашно. Брзо се прави и оди со се, од предјадења до главни јадења.
Состојки:
200-250 гр сирење
сол
3 јајца
15 лажици пченкарно брашно
5 лажици бело брашно
1 кесичка прашок за пециво
1 чаша јогурт
1 чаша кисела вода
1 дл. масло
Подготовка:
Измешајте ги двата вида брашно и прашокот за пециво во сад.
Потоа додадете ги јајцата, маслото, јогуртот и киселата вода.
Добро изедначете ја смесата, па додадете го искршеното сирење.
Ако не е доволно солено, посолете.
Истурете ја смесата во тавче или огноотпорен сад обложен со хартија за печење.
Се пече во загреана рерна половина час на 180 степени.