Торта со портокал: Совршен зимски мирис во вашиот дом
Почекајте колачот целосно да се излади пред да го исечете
Состојки:
- 250 гр брашно * 350 гр шеќер * 1 лажичка сол * 1/2 лажичка сода бикарбона * 1/2 лажичка прашок за пециво * 3 дл маслиново масло * 3 дл млеко * 3 големи јајца * 1 лажица рендана кора од портокал * 60 мл сок од еден портокал
Подготовка:
- Загрејте ја рерната на 180 степени. Калапот за торта со пречник од 22 или 24 см подмачкајте и набрашнете го или покријте го со хартија за печење.
- Измешајте брашно, шеќер, сол, прашок за пециво и сода.
- Во друг сад се мешаат јајцата, па се сипуваат маслиново масло, млекото, сокот и ренданата кора од портокал. Додадете ги сувите состојки, па кратко измешајте додека не добиете еднолична, мазна смеса.
- Смесата се истура во подготвениот калап и се пече околу еден час, додека горниот дел од колачот не добие златна боја.