ТОРТА СО КАЈСИИ Освежителен десерт мек како душа, за топлите летни денови
Сочно и лесно, за вистинско задоволство.
За бисквитот ќе ви требаат :
3 јајца
3 лажици шеќер
5 лажици брашно
1 лажица мелени бисквити
50 мл масло
200 мл кисело млеко
1 прашок за пециво
Дополнително:
800 гр зрели кајсии
Подготовка:
Јајцата се матат со шеќерот, па се додава брашното со прашокот за пециво, мелените бисквити, маслото и киселото млеко. Сè добро измешајте. Плехот покријте го со хартија за печење, а потоа истурете половина од смесата и рамномерно распоредете ја. Печете околу 10 минути, во рерна загреана на 200 степени. Кајсиите распоредете ги преку колачот . Додадете ја преостанатата половина од смесата врз кајсиите. Убаво изпечете. Наросете со шеќер во прав по желба.Пријатно!