Витаминот Д е неопходен за нормално функционирање на човечкото тело.
Вообичаени симптоми на недостаток на витамин Д
Витаминот Д спаѓа во групата на витамини растворливи во масти. Неопходен е за нормално функционирање на организмот. Примарната функција на витаминот Д е апсорпција на калциум, заштита на коските, мускулите и здравјето на срцето. Така, иако е од суштинско значење за нормалното функционирање на телото, многу луѓе имаат недостаток на овој витамин, пред се затоа што го нема толку присутно во храната. Имено, најмногу витамин Д добиваме од сончевата светлина.
Недостатокот на овој важен витамин може да доведе до разни болести, а еден начин да проверите дали имате недостаток на витамин Д е поврзан со тестот за сетилото за мирис.
Симптомите на недостаток на витамин Д се поврзани со мирис
Оние кои имаат недоволно количество на витамин Д во крвта со возраста ќе имаат послабо сетило за вкус и мирис. Раните симптоми тешко се забележуваат бидејќи се појавуваат многу бавно. Во една студија објавена во 2020 година во списанието Nutrients, експертите успеаја да воспостават врска помеѓу недостаток на витамин Д и губење на вкусот и мирисот. Губењето на мирисот се дефинира како неправилно идентификување на шест или повеќе различни мириси, додека губењето на вкусот се дефинира како неуспех да се идентификуваат кинин или натриум хлорид.
Што вели студијата?
Истражувачите откриле дека луѓето кои имаат недостаток на витамин Д имаат 39 отсто поголеми шанси да имаат потешкотии со нарушувања на мирисот и вкусот подоцна во животот. Студијата заклучува дека витаминот Д може да игра значајна улога со нарушено сетило за мирис на подоцнежна возраст.
Колку време треба да поминете на сонце?
Препорачаната концентрација на витамин Д во крвта кај населението треба да биде 75 nmol/L – 125 nmol/L за оптимална заштита од заразни болести. Витаминот Д можете да го внесете со поминување време на сонце бидејќи човечката кожа го создава користејќи ги сончевите ултравиолетови зраци. Во пролетните и летните месеци доволно е да бидете на сонце од 10 до 20 минути, додека во зима потребно е да бидете надвор најмалку два часа, пишува TimesOfIndia .
Извори на витамин Д.
- спанаќ
- кељ
- грашок
- соја
- риба (сардини, лосос,…)
- црн дроб
- жолчка од јајце
Уште и се препорачува излегување и активности на отворено, редовно вежбање, правилна правилна и урамнотежена исхрана и консумирање додатоци во исхраната (од октомври) со витамин Д во доза од 20 µg на ден или повеќе.