Дома Твој готвач Тенки, крцкави шведски бисквити со ѓумбир и цимет

Тенки, крцкави шведски бисквити со ѓумбир и цимет

913
0


Тенки, крцкави шведски бисквити со ѓумбир и цимет најдобро одговараат со шолја топло кафе…

Ќе ви требаат:

300 гр брашно з

2 лажички прашок за пециво

2 лажички ѓумбир во прав

1 лажичка цимет

180 гр путер

150 гр шеќер

70 гр мед

1 јајце

100 гр шеќер за валкање бисквити

прстофат сол

Подготовка:

Во еден сад измешајте ги омекнатиот путер, шеќерот и медот. Кога ќе добиете лесна, воздушна смеса, додадете го јајцето и мешајте додека не добиете кремаста смеса.

Во друг сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво, ѓумбирот, циметот и прстофат сол во поголем сад.

Додадете ги сувите состојки на влажните и измешајте ги да се соединат.

Поделете го тестото на два дела и завиткајте го во проѕирна фолија и чувајте го во фрижидер најмалку 2 часа. Ако сакате да го забрзате процесот, ставете го тестото во замрзнувач половина час.

Загрејте ја рерната на 180 степени. Оладеното тесто се откинува, се обликува топчиња и се валкаат во шеќер. Ставете го на хартија за печење и секое топче притиснете го со чашата што прво ја натопивте во шеќер. Повторете ја постапката пред секој бисквит.

Печете 8 до 10 минути и оставете ги бисквитите целосно да се изладат.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име