Дома Нега и убавина ТАЈНАТА НА Нејзиниот СОВРШЕН ИЗГЛЕД: Пет правила на Кејт Мидлтон од кои...

ТАЈНАТА НА Нејзиниот СОВРШЕН ИЗГЛЕД: Пет правила на Кејт Мидлтон од кои никогаш не се откажува

1081
0

ТАЈНАТА НА Нејзиниот СОВРШЕН ИЗГЛЕД: Пет правила на Кејт Мидлтон од кои никогаш не се откажува


Како член на кралското семејство, Кејт Мидлтон мора да следи голем број правила. На сето тоа веќе долго време е навикната, што со сигурност можеме да кажеме дека станала вистински професионалец за некои работи, особено кога станува збор за убавиот изглед.

Нејзината облека е секогаш беспрекорна, косата до совршенство, а кожата блескава. Затоа многу жени се заинтересирани за тоа како убавата британска принцеза се грижи за себе и како таа постигнува совршен изглед секој пат.

Еве пет правила за добар изглед од кои Кејт Мидлтон никогаш не се откажува

Негувана кожа

За гламурозен сјај на кожата, потребна ви е не само добра шминка, туку првенствено добро негувана кожа. Само кога основата е добра, козметичките производи можат да ги прикријат несовршеностите. Се шпекулира дека Кејт користи само производи на база на кислород, како и органски производи кои ја хидрираат кожата и ги измазнуваат фините линии.

Суптилен кармин

Меѓу другото, кралскиот протокол диктира забрана за светли бои кога е во прашање шминката, па првиот избор на принцезата е дискретен сјај за усни.

Невидлив прав

Убавата Кејт никогаш не ја користи популарната техника за контурирање, туку користи руменило за суптилно да нагласи делови од лицето. Принцезата користи нијанса на пудра која одлично се вклопува со нејзиниот тен, а избира проверени производи кои не оставаат траги на лицето, не се собираат во порите, туку совршено се прилепуваат на нејзината совршена кожа. За вашето лице да изгледа како да немате пудра, треба редовно да правите пилинг и да ги отстранувате мртвите клетки од кожата, бидејќи пудрите ги нагласуваат.

Природна шминка за очи

Никогаш не сме ја виделе Кејт Мидлтон, ниту пак ќе ја видиме со вештачки трепки. Убавината на очите ја истакнува со ајлајнер и совршениот облик на веѓите на кои посветува големо внимание.

Дискретни нокти

И овде Кејт се придржува до строгиот кралски протокол, па нејзините раце се украсени со кратки, совршено обликувани нокти, чија убавина дополнително ја истакнуваат дискретните млечно бели или проѕирни лакови.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име