Супа од морков и ѓумбир идеална за зајакнување на имунитетот
Она што го внесуваме во телото е исклучително важно за зајакнување на телото
Во постудените денови, добриот имунитет е особено важен за организмот. Со него обезбедуваме повеќекратни природни процеси на одбрана на организмот од разни настинки и вируси. Еден од основните начини е исхраната. Она што го внесуваме во организмот е исклучително важно за зајакнување на организмот. Тоа можеме да го направиме со подготовка на разни супи. Освен што го загреваат нашето тело, тие му носат многу придобивки. Добар пример може да бидат храната како моркови и ѓумбир. Двете намирници се фантастични во зајакнувањето на имунолошкиот систем, придонесуваат за подобро варење и имаат многу витамини. Покрај тоа, тој е идеален за оние кои практикуваат веганска исхрана.
Супа од ѓумбир и морков
Потребните состојки за оваа кремаста супа се:
6 сечкани моркови
5 сантиметри ситно сечкан ѓумбир
2 лажици кокосово млеко
4 чешниња ситно сечкан лук
700 мл супа од зеленчук
1 ситно сечкан кромид
сол по потреба
1 лажица кокосово масло
Подготовка
Ставете ја тавата на среден оган, додадете масло и исечканиот кромид со лук и ѓумбир.
Откако се ќе се натопи, во садот додајте ги сечканите моркови и убаво измешајте. Гответе три до четири минути, а потоа додадете ја супата од зеленчук.
Кога морковите целосно ќе омекнат, тргнете ја тавата од оган и измешајте ги сите состојки за да направите густа кремаста супа.
Префрлете ја супата во сад, посипете сол по вкус и кокосово млеко на крајот. Послужете топло.