Дома Здравје Суви смокви: против анемија, за остеопороза, го регулираат крвниот притисок…

Суви смокви: против анемија, за остеопороза, го регулираат крвниот притисок…

634
0

Суви смокви: против анемија, за остеопороза, го регулираат крвниот притисок…

Сувите смокви се вкусна и здрава ужина.

Сувите смокви се одличен извор на минерали, како што се калциум, бакар, калиум, манган, железо, селен и цинк. Тие исто така содржат повеќе калциум од кравјото млеко. Со конзумирање на 100 грама суви смокви ќе добиете 640 мг калиум, 162 мг калциум, 2,03 мг железо и 232 мг калиум. Калиумот е важна компонента на клетките и телесните течности што помага во контрола на отчукувањата на срцето и крвниот притисок. Бакарот, како и железото, е потребен за производство на црвени крвни зрнца и за клеточна оксидација.

Поради големата количина на бакар што го содржи, се препорачува за оние кои боледуваат од анемија , бидејќи бакарот поттикнува подобро производство на црвени крвни зрнца, а поради концентрацијата на калиум го регулира крвниот притисок.

Сувите смокви се борец против остеопорозата и само десетина од овие овошја дневно делуваат превентивно на губење на коскеното ткиво. Го забавува стареењето, се бори против слободните радикали, богат е со антиоксиданси, го забрзува метаболизмот и многу повеќе.

Дијабетичарите треба да бидат внимателни со консумирањето суви смокви , како и оние кои имаат проблеми со дебелината, бидејќи сувите смокви имаат и до пет пати повеќе калории од свежите смокви.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име