Дома Твој готвач Сува торта со ореви: Идеален десерт кој одлично оди со кафе или...

Сува торта со ореви: Идеален десерт кој одлично оди со кафе или чај

81
0

Сува торта со ореви: Идеален десерт кој одлично оди со кафе или чај

Дури и да не сте добар мајстор за правење на колачи, оваа ќе излезе добро

Состојки:

  • 400 мл вода
  • 12 лажици шеќер
  • 20 лажици брашно
  • 8 лажици ореви (мелени и сецкани)
  • 4 полни лажици потенок џем
  • шеќер во прав
  • 1 прашок за пециво

Подготовка:

  1. Во топла вода се истураат шеќерот и џемот, па се промешува малку за да почне се да се топи.
  2. Додадете брашно и прашок за пециво, убаво измешајте со жица да нема грутчиња. На крајот измешајте ги оревите.
  3. Се става во плех обложен со хартија за печење и се пече на 180 степени 30 минути.
  4. По желба испечениот колач посипете го со шеќер во прав.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име