Дома Живот Стресот поради коронавирусот има врска со опаѓање на косата! Обидете се со...

Стресот поради коронавирусот има врска со опаѓање на косата! Обидете се со шампон од кромид…

775
0

Ако имате густа, виткана коса, нормално е да паѓа повеќе коса за време на сушењето и фенирањето, но тоа не се забележува. Ако сте забележале дека во последно време повеќе коса останува на четката отколку порано, не паничете!


Сите луѓе се плашат од пандемијата и тоа многу влијае и предизвикува стрес..

Сите имавме можност да размислиме за здравјето, финансиите што одеднаш станаа уште понесигурна област, губење на работата, но и за тоа што носи утрешниот ден.
Дерматолозите потврдија дека ова не се празни приказни и дека овие состојби се одговорни за стресот и стресот влијае на проблеми со косата.


„Нашето тело го перцепира менталниот стрес исто како и физичкиот, и секој драматичен стрес може да влијае на бавниот раст на косата“, објасни д-р Мишел Хенри, дерматолог од Њујорк, додавајќи дека кога сето ова ќе се случи косата повеќе од вообичаено почнува да опаѓа.
Како стресот влијае на опаѓање на косата…


Кога сме под стрес, се ослободува кортизол и тој може да влијае на фоликулите на косата и на тој начин да предизвика губење. Ова нема да се случи веднаш, туку неколку месеци по стресниот настан.


„Повеќе пати беше нејасно зошто се случува ова, но секако е поврзано со стресот“, објаснува д-р Хенри, додавајќи дека ако имате Ковид-19 постои шанса тоа да ви се случи, но ќе ги забележите последиците неколку месеци по прележувањето на вирусот. Значи, ако нешто е стресно за вас во моментот, ќе ги видите последиците за неколку месеци.


Како да спречите опаѓање на косата?


Губењето на косата како резултат на стрес е најлесно да се спречи борејќи се против тоа и ефикасно е да се дружите со луѓето што ги сакате, бидејќи депресијата поврзана со изолацијата може да има последици по целокупното здравје. Исто така е важно да спиете доволно, да вежбате и да избегнувате стресни ситуации.

Дали треба да одам на лекар?


Како што велат експертитеи веднаш штом забележите дека ја губите косата, посетете дерматолог за да пронајдете добар третман за вас и проверете дали опаѓањето на косата не е поврзано со развој на какво било заболување. За просечна личност е тешко да процени дали станува збор за прекумерно опаѓање на косата или за нормален процес, па затоа е добро да посетите специјалист.
Не е важно дали се обидувате да го решите вашиот проблем дома или со помош на дерматолог, д-р Хенри ве советува да бидете љубезни и внимателни кон себе и да се вооружите со трпеливост затоа што третманите се ефикасни, но траат подолго време.

ОБИДЕТЕ СЕ СО ТРЕТМАНОТ ОД КРОМИД?


Многу шампони и тоници за коса содржат само сок од кромид, помага во спречување на опаѓање на косата, а сето тоа е научно докажано. Се верува дека делува така што ја поттикнувакосата да расте, ја стимулира циркулацијата и делува како антисептик.


Изрендајте или измелете 1 кромид. Одделете го сокот што го добивате и намачкајте го на скалпот, оставете го да делува еден час и потоа исплакнете со шампон.

Кромидот има силен и прилично непријатен мирис, па можете да го мешате сокот со розова вода. Овој препарат може да се користи двапати неделно , во зависност од состојбата на скалпот, пренесува Health digest.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име