Дома Родители и деца Стресот во детството има долготрајни последици

Стресот во детството има долготрајни последици

852
0


Стресните ситуации во раните денови од детството го земаат својот данок и имаат долготрајно влијание врз целокупното здравје во годините што доаѓаат, според американските истражувачи.


Истражувачите го проучувале имунолошкиот систем на тинејџерите кои имале стресно детство, биле злоупотребувани или животот го поминувале во сиропиталишта. Посветиле посебно внимание на нивото на антитела кои се јавуваат кај латентен вирус на херпес симплекс тип 1 (HSV-1).

Вирусот, кој се наоѓа кај две третини од Американците, може да предизвика рани и плускавци во устата. Луѓето со здрав имунолошки систем имаат способност да го држат овој вирус под контрола, а реакциите се јавуваат само во ситуации кога телото е изложено на стрес или болест.

Меѓутоа, луѓето со ослабен имунолошки систем се соочуваат со проблеми кога станува збор за борбата на организмот против овој вирус и производството на антитела против активираниот вирус.

Студијата спроведена на Универзитетот во Висконсин-Медисон дојде до податоци кои покажуваат дека тинејџерите кои биле предмет на физичко малтретирање или стресни ситуации во нивната околина, имаат покачени нивоа на антитела HSV-1, што е прв показател за оштетен имунитет.

Дури и кога подоцна доаѓа до промена на средината во која детето расте, во психолошка смисла, децата реагираат на секој, дури и најмал стрес. Тоа може да влијае на нивните способности за учење, но и на нивното целосно однесување, а нарушениот имунолошки систем секако ќе има влијание врз целосното здравје на детето во подоцнежниот живот.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име