Дома Твој готвач Старински рецепт на пита од јаболка

Старински рецепт на пита од јаболка

1819
0

Ова е вистински старински рецепт за неодолива пита со јаболка која се топи во устата и мириса на детство.

Наполнете ја куќата со мирис на цимет, кој заедно со сочните јаболка и крцкаво тесто ве кани на безгрижно дружење со шолја чај или кафе.

Оваа пита е толку прекрасна и разноврсна што можете да ја јадете сами, а можете да ја послужите и со топка сладолед од ванила.


Состојки:
400 гр брашно
2 лажички прашок за пециво
прстофат сол
2 лажички ванилин шеќер
100 гр шеќер
1 кора од лимон
2 јајца
100 гр полномасна павлака
200 гр путер, изладен
100 гр шеќер
1 кг јаболка
2 лажички ванилин шеќер
2 лажици рум
1 лажичка цимет
Шеќер во прав, да се посипе

Подготовка:

  1. Соединете ги состојките
    Измешајте брашно, прашок за пециво, сол, шеќер, ванилин шеќер и кора од лимон. Додадете ја павлаката, јајцата и путерот и замесете тесто и обликувајте го во топка. Завиткајте во пластична фолија и ставете го во фрижидер 45 минути.
  2. Подгответе ги јаболката
    Јаболкото излупете го, изрендајте го и ставете го во врело тавче. Вака вашето крцкаво тесто нема да се навлажни со сок од јаболко. Во тавата додадете шеќер, ванилин шеќер и две лажици рум и динстајте неколку минути. Додадете го циметот и продолжете да вриете 2 до 3 минути. Внимавајте шеќерот да не се карамелизира, тргнете ја тавата од оган веднаш штом забележите дека испарила течноста од тавата. Оставете 20 минути да се излади.
  3. Загрејте ја рерната
    Извадете го тестото од фрижидер и поделете го на два еднакви дела. Подмачкајте го и набрашнете го плехот за печење и истресете го вишокот брашно. Загрејте ја рерната на 180 степени.
  4. Расукајте го
    Еден дел од тестото развлечете го до димензиите на плехот што го користите и ставете го тестото во него. Со виљушка избоцкајте ја површината на тестото и наредете ги динстаните јаболка. Вториот дел од тестото развлечете го и ставете го над јаболката; прободете со вилушка.
  5. Печете
    Ставете ја во рерна и печете 35 минути. Откако питата е готова, извадете ја од рерна и оставете да се излади.
  6. Послужете
    Питата исечкајте ја на коцки и посипете ја со шеќер во прав. Послужете.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име