Дома Нега и убавина Со сода бикарбона до убавина! Исчистете ја вашата кожа!

Со сода бикарбона до убавина! Исчистете ја вашата кожа!

1150
0

Покрај употребата во кујната, познато е дека сода бикарбона помага во лечење на киселина во желудникот, избелување на забите, длабинско миење на косата. Со оваа хемикалија, која е евтина, можете да замените многу скапи козметички производи за нега на кожата на лицето и телото.

Најпопуларен е пилинг за лице и тело со сода бикарбона . Се што треба да направите е да ја измешате содатасо малку млака вода додека не добиете густа смеса која потоа со нежни кружни движења ќе ја втриете во кожата и потоа ќе ја исплакнете. Не притискајте премногу на лицето при лупење за да не ја иритирате кожата.

Како маска за лице можете да користите и мешавина од млака вода и сода. Имено, доволно е смесата да ја нанесете на лицето и да ја оставите да отстои десетина минути, а потоа исплакнете со млака вода. Содата ги отстранува нечистотиите и митесерите од лицето. За спречување на појава на акни на лицето, оваа маска треба да се користи еднаш неделно. Кога ја ставате маската, обрнете посебно внимание на триење со сода околу носот.


Сода бикарбона може да се користи и како дезодоранс. Хемиската формула за бел прашок има способност да апсорбира масла и мириси, што го спречува создавањето на бактерии. Доволно е да нанесете сода под пазувите, а доколку сакате вашиот природен дезодоранс да мириса, додадете капка есенцијално масло во содата.

На крајот, за да ја одржите вашата кожа мека и мазна, барем еднаш неделно додајте половина чаша сода бикарбона во бањата за да се ослободите од потта и остатоците од производите за кожата. Оние кои имаат сува кожа можат да додадат неколку капки есенцијално масло во бањата.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име