Дома Твој готвач Сочна баклава со бадеми и бисквити

Сочна баклава со бадеми и бисквити

938
0

Јелена Маркота, попозната на Инстаграм како eardur, сподели со нас рецепт за малку поинаква баклава

За калапот ~ 15 cm * 20 cm ќе ви требаат:

300 гр тенка кора за пита
250 гр растопен путер или маргарин
280 гр мелени бадеми
50 гр шеќер
120 гр мелени бисквити

Сируп:

50 гр шеќер
2 дл вода
кора и сок од 1 портокал

Подготовка:

За филот измешајте ги бисквитите, бадемите и шеќерот во еднолична смеса.

Исечете ја кората според калапот што го користите и премачкајте ја со растопен маргарин. Наредете ги четирите кори една врз друга и секоја премачкајте ја со малку маргарин.

Посипете ја кората така што целата да се покрие со тенок слој од мелени бадеми, шеќер и мелени бисквити. Се покрива со две кори премачкани со маргарин. Повторете ја постапката додека не потрошите сè. На крај се покрива со четири кори премачкани со маргарин.

Лесно притиснете ја баклавата и ставете ја во фрижидер 15 минути за полесно да се исече со шаблон по желба. Растворете шеќер во 2 dl вода и додадете ја излупената кора од портокал. При лупењето внимавајте и отстранете го белиот дел од кората бидејќи е горчлив и може да влијае на вкусот на сирупот.

Остатокот исцедете го да се добие сок и додадете го. Гответе на тивок оган неколку минути. Извадете ја баклавата од фрижидер и исечете ја со остар нож. Печете 15 минути на 170 ° C, потоа намалете ја температурата на 140 ° C и печете уште 20 минути.

Сè уште топлата печена баклава прелијте ја со топол сируп. Пред послужување, оставете ја баклавата да отстои неколку часа за да се впие сирупот.

Доколку сакате посочна да биде баклавата сирупот подгответе го со двојна доза.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име