Сочен леб со брусница и портокал
Неодоливата комбинација од сува брусница и сочен портокал во овошен леб ќе ви стане омилена во студените зимски денови.
Овој сладок леб со брусница и портокал е совршен додаток на постпразничната трпеза – без разлика дали ќе го послужите за појадок или десерт, па дури и на крајот на празничната вечера. Комбинацијата од суви и свежи брусница дава богатство на вкус, додека портокалот носи свежина и арома на цитрус. Идеален е за љубителите на едноставни и сочни десерти.
Комбинацијата на текстури и вкусови го прави совршен избор за студените зимски денови, додека мирисот на печен леб се шири низ кујната и носи топлина во секој агол. Послужете го со малку путер на собна температура или намачкајте го со тенок слој мед за дополнителна сладост. Оладениот леб чувајте го завиткан во пластична фолија на собна температура до 7 дена. За подолго складирање, замрзнете го најмногу 4 месеци .
Состојки:
Брашно 2 чаши
Шеќер 1 чаша
Прашок за пециво една и половина лажичка
Сол половина лажичка
Сушена брусница 1 чаша
Брусница свежа 1 чаша
Путер половона чаша
Јајце 1
Сок од портокал 0,75 чаша
Кора од портокал 1 лажиче
Постапка:
Загрејте ја рерната на 175 °C. Тавата за леб (големина 23 x 13 см) намачкајте ја со путер или масло за да не се залепи смесата.
Во поголем сад измешајте ги брашното, шеќерот, прашокот за пециво, солта, сувите брусница и свежо сечканите брусници додека не се рамномерно распоредени.
Во помал сад измешајте стопен путер, јајце, свеж сок од портокал и рендана кора од портокал. Добиената смеса истурете ја во садот со сувите состојки и нежно мешајте додека сè не се соедини. Не мешајте претерано – смесата треба да има мали траги од брашно.
Истурете ја смесата во подготвениот калап и израмнете ја површината. Печете во загреана рерна околу 1 час, додека чепкалка за заби или дрвен стап вметната во центарот на лебот не излезе чиста.
Оставете го лебот да се излади во калапот 10 минути, а потоа извадете го од калапот и целосно изладете го на решетка.