Со пилешко или ориз…
Има посебен вкус
Потребни состојки:
2 чешниња лук
3 лажици путер
2 dl млеко
1 лажица брашно
1 лажица кари
зачин
бибер
сол
магдонос
Подготовка:
На растопениот путер додадете една лажица брашно за да се замати маснотиите, па додадете ситно сечкан лук и лист магдонос, лесно пропржете.
Потоа додадете го карито, измешајте и прелијте со млеко и со постојано мешање оставете да зоврие.
Додадете зачини, промешајте и кога ќе се добие саканата густина се трга од оган. На крај посипете со уште малку ситно сечкан лист магдонос.
Послужете со пилешки јадења и ориз.