Ако ви недостасува идеја за вашето утринско смути, ние сме тука…
Состојки (за 2 порции / 4 дл):
2 зрели банани
100 гр овесна каша
70 гр бадеми
1 дл јогурт со малку маснотии
3-4 коцки мраз
Подготовка:
Ставете ги сите состојки во мешалка и мешајте додека не добиете униформа смеса. Истурете во чаши и уживајте во одлично смути што може да послужи како појадок или оброк пред физичка активност.