Дома Живот Смутито од краставици и лимон ги топи килограмите

Смутито од краставици и лимон ги топи килограмите

558
0

Во зима, кога се движиме помалку, килограмите се акумулираат многу побрзо. Сепак, постои решение за тој проблем, и тоа е вкусно.

Ова едноставно смути содржи само три состојки, чиа семе, лимон и краставица. Познато е дека краставицата е одлична за слабеење бидејќи содржи многу вода и малку калории.

Лимонот го обезбедува најважниот витамин Ц, има добар вкус, делува како еден вид средство за чистење на телото и е нискокалоричен, а семето чиа, заедно со бројните хранливи вредности, даваат чувство на ситост.

За една доза смути потребна е една краставица, половина лимон и две лажици чиа семе.

Подготовката е едноставна. Излупете ја краставицата, ставете ја во соковник и исцедете ја сокот или направете смути. Во сокот од краставицата додадете сок од половина лимон и чиа семе. Измешајте сè, оставете малку време чиа семето да набабри и омекне, а напитокот е готов.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име