Дома Психолошки совети Следниве 5 совети секогаш треба да бидат вашата водечка патека, кога ви...

Следниве 5 совети секогаш треба да бидат вашата водечка патека, кога ви се чини дека животот не е фер…

891
0

1. НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈТЕ:

Секој има тешки периоди во животот – тоа е неизбежно. Замислете колку би бил празен животот ако во него нема предизвици. Без тешкотии и проблеми никогаш не би пораснале и научиле. Тогаш не би живееле, туку би постоеле само со постојано чувство на досада и стагнација. Пречките не прават живи, нè охрабруваат да ги менуваме и рушиме бариерите. Можеби во моментот ви се чини дека животот не е фер, но тоа не значи дека секогаш ќе остане така. Без оглед на сè, продолжете да гледате во сонцето и со текот на времето сенките ќе останат зад вас.

2. ОТВОРЕТЕ ГО СРЦЕТО И УМОТ ЗА ПРОМЕНИ:

Ние често ги комплицираме нашите животи затоа што се плашиме од промени. Сепак, потребни се промени затоа што тие нè прават претпазливи, ни помагаат да растеме и, благодарение на нив, постојано се развиваме и учиме важни лекции. Промените честопати не се лесни и пријатни, но тоа е нивната важност и вредност, нели? Најдобрите работи во животот всушност се случуваат кога ќе дојдеме до раскрсница, кога сè ќе ни изгледа црно и кога не можеме да замислиме дека ќе стане подобро. Кога мислите дека сте дошле до крајот и повеќе не можете да издржите, тој очај всушност ви покажува по кој пат да тргнете понатаму. Сè што е добро во животот никогаш не доаѓа лесно, но токму затоа што не паѓа од небото, ни дава толку многу среќа и задоволство.

3. СЕКОГАШ ЗНАЈТЕ ДЕКА ИМАТЕ ИЗБОР:

Вие имате моќ да го контролирате сопствениот живот во секое време. Ниту една надворешна сила не одлучува каква работа ќе работите, каде ќе живеете или како ќе се однесувате. Сè е во ваши раце, па наместо да се плашите од таа одговорност или да ја негирате, прифатете ја. Запомнете: кога се чувствувате скршени, тоа значи дека треба да донесете подобри одлуки за себе, затоа дајте си шанса да бидете. Заслужувате да бидете среќни, но понекогаш е потребно само време да ја пронајдете таа среќа.

4. ЗАПОМНЕТЕ БОЛКАТА НЕ ТРАЕ ВЕЧНО:

Ако болката траеше вечно, не би ни знаеле што е среќа. Треба да го знаеме чувството на тага и болка за да можеме да чувствуваме среќа. Соочете се со тие негативни, лоши и често непријатни чувства и оставете ги едноставно да поминат низ вас. Колку подолго им одолеете, толку подолго ќе живеат во вас. Прегрнете ја болката и заблагодарете и се што ви одржала лекција. Болката може да биде скапоцен учител ако ја прифатиме наместо да ја осудуваме.

5. ФОКУСИРАЈТЕ НА СЕ ШТО Е ДОБРО ВО ВАШИОТ ЖИВОТ:

Често кога се чувствуваме скршени, ние се фокусираме само на лошото во животот, наместо на доброто. Ако се фокусирате само на лошото, ќе го привлечете само лошото. Многу студии заклучија дека луѓето кои се благодарни имаат подобри односи со други луѓе, имаат подобро здравје, имаат пооптимистички поглед на животот итн.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име