Дома Твој готвач Слатко од рендана дуња со ореви…

Слатко од рендана дуња со ореви…

6309
0

Задоволство на кое никој не може да одолее.

Во сезоната на дуњите, повеќето домаќинки одлучуваат да направат слатко од ова овошје, кое некогаш било незаменливо во шпајзот на нашите баби.

Иако денес ова слатко се подготвува од сечкана дуња, според стариот рецепт важно е да се изренда овошјето и да се комбинира со сецкани ореви, за слаткото да биде што повкусно.

Состојки:

2 кг дуња

1кг шеќер

300 гр ореви

800 мл вода

Подготовка:

Дуњите измијте ги, излупете ги и изрендајте ги, па оставете ги на страна. Ситно исецкајте ги оревите и оставете ги на страна.

Во тенџере истурете шеќер, прелијте го со вода и варете додека не зоврие. Потоа во тавата додадете ја ренданата дуња и сè заедно варете околу 45 минути.

Кога слаткото ќе се свари, истурете го во стерилизирани тегли со тоа што во теглата прво ќе ставите лажичка слатко, потоа ред сечкани ореви и така додека не ја наполните теглата до горе.

Затворете ги теглите и чувајте ги на суво и ладно место.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име