Дома Твој готвач Сите сега печат ЕУРОКРЕМ КОЛАЧИЊА! Еве го рецептот

Сите сега печат ЕУРОКРЕМ КОЛАЧИЊА! Еве го рецептот

4103
0

Сите сега печат ЕУРОКРЕМ КОЛАЧИЊА! Еве го рецептот

Ви треба совршен и совршено едноставен сладок рецепт за да го започнете викендот? Еве еден баш таков! Овие колачиња ЕУРОКРЕМ се насекаде во моментов, па еве како да ги направите…

Потребни ви се само три состојки:
180 грама еурокрем
150 грама мазно брашно
едно јајце

Измешајте или изматете го еурокремот и едно јајце. Во него додадете просеано брашно и замесете мазно тесто. Завиткајте во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер најмалку 20 минути. Формирајте топчиња со големина на ореви, притиснете дупка во центарот со рачката на процесорот за храна или прстот и печете на 170 степени околу 10 минути. Изладените бисквити наполнете ги со еурокрем, а можете да ги декорирате и со лешници, ореви, мелени бисквити – по желба!

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име