Дома Здравје Семките од тиква се идеални за мажи, а еве зошто

Семките од тиква се идеални за мажи, а еве зошто

2238
0

Семките од тиква се идеални за мажи, а еве зошто

Само 30 грама од овие семиња дневно може да направат разлика, рече Шврака-Милутиновиќ.

Медицинските студии покажуваат дека семките од тиква, богати со цинк, го поддржуваат производството на прогестерон кај жените и тестостерон кај мажите.

Ова го потврди Дајана Шврака-Милутиновиќ, магистер по фармација и магистер по исхрана и суплементација, која на својот Инстаграм профил споделува рецепти и совети за здрава исхрана.

Според неа, цинкот е пресуден за овулацијата и квалитетот на спермата.

  • Само 30 g на ден од овие семки може да направи разлика. Јадете ги сирови или додајте ги во салати, смути или јогурт, или како додаток во оброк од салата или салата како прилог – изјави Шврака-Милутиновиќ.

Проблеми со неплодност

Во светот, еден од шест парови има проблеми со неплодност.

Во 20 проценти од случаите причината е слабиот квалитет на спермата, која често се поврзува со недостаток на цинк и витамини.

Семките од тиква се исклучително богати со магнезиум, кој е неопходен за нормално функционирање на нервниот систем, а редовното консумирање на овие лековити семки може да го подобри липидниот профил во крвта, намалувајќи го нивото на лошиот холестерол.

Квалитет на сперма

Тие се богати со омега-3 масни киселини, кои на телото му се потребни за одржување на работата на срцето и регулирање на крвниот притисок, а имаат и многу други придобивки за нашето здравје.

Истражувањата постојано покажуваат дека семките од тиква можат да го подобрат квалитетот на спермата. Исто така, студиите покажаа дека семките и маслото од тиква го штитат здравјето на простатата.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име