Дома Живот Секогаш наоѓајте време за пријателите: Со нив сме посреќни и поздрави…

Секогаш наоѓајте време за пријателите: Со нив сме посреќни и поздрави…

1142
0

Пријателството носи задоволство, слобода да бидеме она што навистина сме и радост што можеме да ја споделиме со некого.
Зафатеното секојдневие стана вообичаен изговор за многумина да имаат се помалку контакти со пријателите.
Пријателите можат да бидат спас кога ќе наидеме на сомнежи и проблеми или само ни треба пауза и ослободување од вообичаената дневна рутина. Пријателствата не се обврзувачки на начинот на кој се роднините и партнерите, така што пријателите можат многу пообјективно да ја разгледаат ситуацијата во која се наоѓаме.
Пријателството носи задоволство, слобода да бидеме она што навистина сме и радост што можеме да го споделиме со некого . Пријателите можат да ни помогнат подобро да се запознаеме и да имаме поголема самодоверба.
Лековитата моќ на пријателството…
Исто како што поговорката вели дека дрвото го држат своите корени, а човекот неговите пријатели, бројни студии покажаа дека пријателството има лековита моќ. Луѓето со блиско пријателство подобро го толерираат стресот, имаат понизок крвен притисок, се повитални и подолготрајни. Пријателството го зајакнува имунитетот, а со тоа и отпорноста на инфекции и болести.
Според светската статистика, осамените луѓе имаат три пати поголема веројатност да умрат од срцеви заболувања , а во просек живеат пет години пократко од оние кои имаат блиски пријатели.
Честопати пријателите не охрабруваат да имаме здрави навики – да се движиме повеќе, да јадеме подобро и да одиме на медицински прегледи, а во исто време да нè одржуваат психички чисти, што го намалува ризикот од деменција. Блиските пријателства се исто така одговорни за помалиот ризик од карцином, а кај пациентите тие ги зголемуваат шансите за лек повеќекратно. Затоа, никогаш не се откажувајте од телефонирање, допишување, излегување со пријателите.
Еве неколку корисни совети:
Навистина не ви треба посебен повод да повикате пријател, пријателка само направете го тоа – затоа што споделуваме сè со вистинските пријатели, и мали и големи работи во животот.
Без оглед колку сте зафатени, секогаш можете да одвоите малку време за пријателите. Договорете се да одете на прошетка или кафе еднаш неделно, состанете се на ручек еднаш месечно или (ако живеете далеку едни од други) организирајте пријателски собир или патување барем еднаш годишно.
Во пријателството, квалитетот е поважен од квантитетот. Не треба да имате еден куп пријатели, многу поважно е да знаете кому навистина може да му верувате и да му го дадете истото за возврат.
Луѓето се менуваат со возраста, а исто така и пријателствата. Не плашете се да се откажете од врските што ве оптоваруваат и исцрпуваат и не плашете се да остварите и нови пријателства.
Пред пријателите не треба да се срамите од болест, развод, губење работа и други несакани настани. Како што вели старата поговорка: пријателите се познаваат во неволја.
Прекрасно е да имате пријатели, но не бидете зависни од нив. Бидете независни, самоуверени и позитивни.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име