Дома Здравје Седум домашни трикови за намалување на високиот крвен притисок

Седум домашни трикови за намалување на високиот крвен притисок

4879
0

Седум домашни трикови за намалување на високиот крвен притисок

Високиот крвен притисок треба да се третира. Поопасен е отколку нискиот, бидејќи последователните покачени вредности може да доведат до трајно оштетување на крвните садови.

Високиот крвен притисок може да предизвика голем број сериозни здравствени проблеми, па затоа е важно да знаете како веднаш да го намалите во итен случај.

Обидете се да останете смирени што е можно повеќе и користете ги следните методи за да го намалите што е можно побрзо.

Испијте една или две чаши бидејќи водата може да помогне да се разреди крвта и привремено да се намали крвниот притисок.


Нанесете ладни облоги на челото, вратот или зглобовите – ова веднаш предизвикува стеснување на крвните садови и го намалува крвниот притисок.

Применете ја техниката на длабоко дишење: земете неколку длабоки вдишувања низ носот и издишете преку уста – ова го намалува стресот и напнатоста и на тој начин помага во намалување на крвниот притисок.

Шолја чај од хибискус или камилица исто така може да ви помогне да се смирите, додека црн чај или кафе треба да се избегнуваат, особено во ситуации кога вашиот крвен притисок скока.

Можете да изедете парче темно чоколадо, кое ќе го поттикне лачењето на ендорин, кои делуваат смирувачки.

Лесната физичка активност, како брзо одење или нежно истегнување, може да помогне привремено да се намали крвниот притисок.

Зголемете го внесот на калиум и намалете го внесот на сол доколку сакате да го намалите крвниот притисок. Калиумот ја смирува напнатоста во телото и на тој начин помага во намалување на крвниот притисок.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име