Дома Позитив на денот Светскиот ден на Брајово писмо…

Светскиот ден на Брајово писмо…

983
0

Светскиот ден на Брајово писмо годишно се слави на 4 јануари, роденденот на пронаоѓачот, Луис Брај. Денот ги обележува придонесите на Луис Брајл во помагањето на слепите и лицата со оштетен вид да читаат и пишуваат.

Брајово писмо – код што го користат лицата со оштетен вид низ целиот свет.

Невладините организации (НВО) ширум светот го користат овој ден за да создадат свест за предизвиците со кои се соочуваат лица со оштетен вид и да ги охрабрат деловните субјекти и владите да создадат економски и социјални можности за слепите лица.

Брајовата азбука се состои од шест точки, кои се распоредени во две колони од по три точки. Со комбинирање на конвексни точки, од кои има вкупно 63, се добиваат одделни букви.

Интерпункција, запирки, точки, прашалници, извичнички и слично, се распоредени во две колони со по две точки.

Слепите лица со Брајовото писмо читаат на начин со допир, допирајќи го писмото со десниот показалец од лево кон десно, а пишуваат од десно кон лево.

УНЕСКО го прогласи Брајовото писмо за универзално писмо за слепи и слабовидни лица во светот во 1955 година.

Бидејќи Брајовото писмо е код, сите јазици, па дури и одредени предмети како математика, музика и компјутерско програмирање можат да се читаат и пишуваат на брајово писмо.

Остави одговор

Ваш коментар
Вашето име