Кога сме гладни, честопати брзаме по првата храна што можеме да ја најдеме во рацете – често сендвичи или закуски. Ако сепак сакате да јадете нешто поздраво, можете да го подготвите за само 15 минути – како оваа салата од туна. Рецептот е лесен, па можете да го прилагодите и да ги користите состојките што ги имате дома.
Состојки:
200 гр туна во конзерва,
5 парчиња леб,
помала свежа краставица,
250 гр шери домати,
неколку лисја од зелена салата (по избор),
пар свежи листови од босилек,
маслиново масло,
балсамико оцет (или оцет по ваш избор),
сол,
црн бибер,
Подготовка:
За преливот, измешајте ги оцетот и маслиновото масло во чаша, додадете сол и бибер.
Исечете го лебот на коцки со големина на залак, исечете ја краставицата, и пресечете ги шери доматите на половина додадете ја конзервата туна и зелената салата. Се измешајте.
Прелијте ја салатата со подготвениот прелив и украсете (по желба) со свежи листови од босилек, кромид, пиперка или маслинки.