Нивото на крвниот притисок се менува со возраста. Параметрите нема да бидат исти за некој кој има 30 и за некој кој има 60 години.
Кога е во нормални граници, тоа укажува дека состојбата на организмот е задоволителна и дека срцето работи нормално.
Нивото на крвниот притисок зависи од јачината и брзината на срцевите контракции и количината на крв што овој орган може да ја испумпа за 1 минута. Важни се и својствата на самата крв и отпорноста на васкуларните ѕидови.
Нарушеното ниво може да доведе до разни проблеми, па затоа треба да се земе предвид.
Мислењето дека една вредност е иста за сите луѓе е заблуда. Познатиот руски лекар Александар Шишонин објаснува дека параметрите како полот и возраста одредуваат кое е нормалното ниво на крвен притисок.
Табела за мажи:
За 20-годишник, нормалните вредности се 123/76
До 30 години нормално е нивото да биде 126/79
Помеѓу 30 и 40 129/81
Помеѓу 40 и 50 135/83
помеѓу 50 и 60 142/85
После 70 142/80
Табела за жени:
За 20-годишник, нормалните вредности се 116/72
До 30 години нормално е нивото да биде 120/75
Помеѓу 30 и 40 127/80
Помеѓу 40 и 50 137/84
помеѓу 50 и 60 144/85
После 70 159/85 г
Од табелата може да се заклучи дека колку е постар човек, толку е повисок нормалниот крвен притисок. Ова е последица на промените во крвните садови, срцевиот мускул и другите органи кои се менуваат со возраста.
Високиот, како и нискиот крвен притисок може да предизвикаат различни здравствени проблеми. За да ја одредите точката на неговото ниво, неопходно е постојано да го следите неколку дена и да водите дневник на вашите мерења.